Поради насилство и злоупотреба поднесоа барање за раскин на договор

Како што пишува „ruhrnachrichte.de“, две ракометарки на поранешниот германски првак Борусија Дортмунд, поднеле барање за раскин на договорот.

Станува збор за репрезентативките на Германија, Миа Чоке и Амели Бергер, кои веќе се обратиле во независен центар за решавање на прашања поврзани со насилство и злоупотреба во професионалниот спорт.

Точните причини за барањето на Чоке и Бергер ги нема во германските медиуми, а нивните договори се актуелни до летото 2023 година.

Од клубот кој ќе игра во Лигата на Европа оваа сезона велат дека двете ракометарки користат боледување, односно се рехабилитираат од повреди.