Во Франција е прогласена епидемија од втор степен, па поради тоа Министерството за здравство упати порака до спортските клубови да ги ограничат капацитети на натпреварите најмногу до 5.000 гледачи или да играат пред празни трибини.
Претстојниот викенд се играат натпреварите од четвртфиналето на францускиот Куп, а Нант и Кире Лазаров треба да играат против Иври.
Капацитетот на салата на Нант е 5.900 гледачи, но раководствтото на тимот реши да ги ограничи билетите на 4.800, па нашиот и репрезентативец и неговите соиграчи нема да имаат максимална поддршка во битката за место на Ф4.