Интернационалецот од Македонија, Мартин Поповски, имаше убава вечер во Швајцарија и речиси без грешка го одигра дерби дуелот против Берн, но неговата Амичитија Цирих ги загуби бодовите после поразот од 26:31.
Натпреварот беше решен по само неколку минути игра во второто полувреме кога домашна екипа се одлепи на 20:12, а на полувреме имаше солидни плус шест, 17:11.
Македонецот на овој натпревар беше меѓу најефикасните во својата екипа, а постигна четири погодоци од пет обиди.
Составот на Цирих по 18 одиграни натпревари се наоѓа на 5. позиција со 19 освоени бодови, односно има девет победи, осум порази и едно реми.