Интернационалецот Мартин Поповски кој настапува во швајцарски Цирих продолжува да реди победи со својот клуб. Цирих во 11. коло од првенството на Швајцарија го совлада тимот на Женева со 39:30.
Уште еднаш Мартин Поповски беше на потребното ниво и даде солиден придонес во победата. Десното крило успеа да постигне четири гола од пет обиди со што беше трет стрелец во својот тим.
Цирих во текот на целиот натпревар имаше контрола на играта и резултатот, на полувреме тимот на Поповски водеше 20:17. И во вториот дел продолжи ефикасната игра а Цирих стигна до бодовите без многу проблеми.
Цирих и Поповски после 11 одиграни гола се наоѓаат на втората позиција со осум победи и три порази веднаш зад Кадетен. Во следното коло Поповски и Цирих ќе го играат дербито против Винтертур.