Поповски: Како да сме влезени во некој барабан и не можеме да излеземе

Машката репрезентација на Македонија вчера загуби од Русија со убедливи 32-20 и ќе остане само да го одигра уште дуелот со Белорусија.

Десното крило Мартин Поповски вели дека иако мотивирани отишле на натпреварот, сепак тоа не се гледало на теренот.

„Лошо го отворивме мечот и покрај тоа што во хотел и на тренинг се подготвува тактика за Русите, отидовме мотивирани, но како да сме влезени во барабан од кој што не можеме да излеземе. Сепак овие натпревари ни значат многу за искуство, се надеваме дека на последниот меч ќе успееме да го обелиме образот“, вели Поповски.

Натпреварот меѓу Македонија и Белорусија се игра утре во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.