Македонските интернационалци Мартин Поповски и Симона Гроздановска со нивните екипи обезбедија пласмани на завршните турнир во Купот на Швајцарија.
Во машка конкуренција, Амичитија Цирих на Поповски славеше во четвртфиналето над Сент Гален со 33-20, а Македонецот даде два гола.
На завршниот турнир покрај Цирих, се пласираа Кадетен Шафхаузен и ТВ Сур Арау, а последниот патник ќе се реши по двобојот меѓу Луцерн и Берн.
Во женска конкуренција, Винтертур на Гроздановска славеше во четвртфиналето над Базел со 35-18, а Македонката постигна четири погодоци.
На завршниот турнир покрај Винтертур, се пласираа Шпоно Иглс, Цирих и Брул.