Тимот на Амичитија Цирих, каде што играат македонските интернационалци Мартин Поповски и Филип Арсеновски, загуби на третиот меч од четвртфиналната серија во швајцарскиот шампионат.
Цирих беше поразен на домашен терен со 30-29 од Берн и сега гостинскиот тим води со 2-1 во победи.
Поповски беше најдобар стрелец во домашниот тим со четири гола од четири обиди, додека Арсеновски постигна еден гол од еден обид, но имаше важна улога во одбраната и заработи едно исклучување.
Сега Цирих ќе мора да брка победа на гостински терен кај Берн за да израмни на 2-2 во победи и потоа на домашен терен со уште еден триумф да се пласира во полуфиналето.