Десното крило, Мартин Поповски на првите две средби немаше многу минутажа. Тој одигра повеќе против Украина, но веќе неколку години е дел од националниот тим и добро знае што и како се случува и што и како е потребно за да се оствари посакуваниот резултат.
Пред утрешниот дуел со Австрија вели дека улогата на фаворит е подобро да и се даде на селекцијата на противникот и дека овој дуел е како финале за Македонија.
„Можевме многу подобро против Чешка, но нема време за жалење. Не очекува натпревар против Австрија, кој е како финале за нас и мораме да се подготвиме за него“, изјави Поповски.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.