Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, им се врати на победите во швајцарскиот шампионат.
Цирих по трите неуспеси во серија, славеше убедливо на домашен терен против Вакер Тун со 31-22.
Македонското десно крило беше меѓу најзаслужните за триумфот, откако успеа да погоди шест пати од шест обиди.
Цирих сега има 19 бода, два помалку од вториот Фади Винтертур. Во последното коло за годинава, Цирих и Поповски ќе му гостуваат на Берн на 23 декември.