Црна Гора загуби од Данска со 27-23 во полуфиналето на Европското првенство и ќе се бори само за бронза.
Селекторката Бојана Поповиќ вели дека нема што да им замери на нејзините ракометарки по натпреварот.
„Многу емотивен меч. Во првиот дел го имавме тој празен период по добриот старт, го загубивме ритамот. Вториот дел беше фајтерски, игра на нерви. Ниеден момент не се предадовме, девојките дадоа се што можеа, немам што да им замерам. Тешко е кога не се оди во финале, но ни следи уште еден меч по емотивното празнење. Ќе излеземе на терен да дадеме максимум, да покажеме дека сме големи. Ние сме во конкуренција со велесили и тоа говори што сме направиле на ова првенство“, вели Поповиќ.
Црна Гора во мечот за третото место ќе се соочи со поразениот од дуелот меѓу Норвешка и Франција в недела од 17:45 часот.