Селекторот на Црна Гора, Бојана Поповиќ, го објави скратениот список на ракометарки пред стартот на Европското првенство.
Поповиќ повика 18 ракометарки и две резерви, а од нив дури половина доаѓаат од црногорскиот првак Будуќност.
Во комбинација за настап ќе бидат и двете поранешни ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Итана Грбиќ.
Црна Гора е во група со Шпанија, Германија и Полска, а освен во Подгорица, натпреварите од ЕП ќе се играат и во Скопје, Љубљана и Целје од 4 до 20 ноември.