Евгениј Трефилов ги коментираше тренинзите на екипата на Кубан за време на карантинот заради коронавирусот. Според неговите зборови, легендарниот тренер е многу загрижен за моменталната ситуација.
„Нема ништо нормално во оваа ситуација. Сите сали се затворени, сега девојките седат дома, нашиот гувернер по примерот на Москва најави карантин. Девојките работат индивидуално, имаат планови и секоја го известува тренерот што прави, што јаде, како се однесуваат и нивната локација може да бидат следени по телефон. Одржувањето на формата нема да кажам дека е добро, но е задоволително и потребно. Сепак тимската работа е загрозена и ќе имаме големи проблеми со тоа. Сите се распуштени и седат дома. Сè е празно, понекогаш ќе видам каде што трча некој, но каде трча – до срцев удар или до коронавирус? Најлошо од се е што има многу малку информации“, кометираше Трефилов.
Кон средината на март беше суспендирано и првенството на Русија по примерот на многу земји претходно. Неизвесно е кога ќе продолжи со оглед на тоа што кризата со коронавирусот се шири се повеќе.