Најголемиот дел од екипите кои се натпреваруваат во Супер машката лига од денеска стартуваат со подготовките за новата сезона. Речиси сите тимови ќе се најдат во акција и ќе почнат со одработување на тренинзите со што полека се дава најава за новата сезона за која веќе се извлечени стартните броеви.
Вардар кој ќе се приклучи во Супер лигата напролет во плеј-офот веќе е во тренажен процес, а од вчера е и Еурофарм Пелистер кој исто така ќе ира во СЕХА лигата. Металург веќе неколку дена исто така е во ритам, но дури денеска се стартува со подготовките.
Тренинзи од денеска ќе има и во Охрид, Прилеп… До крајот на неделава на тренинзи ќе се вклучат и сите други екипи така што сосема јасно е дека полека ќе се влегува во форма за стартот на новата сезона кој е закажан за 12 и 13 септември.
Во оваа сезона во Супер лигата има 14 екипи кои се поделени во две групи од по седум состави и сите ќе се борат за првите три места во групата кои носат во плеј-оф каде што ќе се приклучат Вардар и Еурофарм Пелистер.