Многу спортски клубови во светот имаат претпознатлив навивач кој ги следи насекаде на нивните натпервари, па така и унгарскиот ПИК Сегед има свој.
Јанош Ѓунал е верен навивач на ПИК Сегед веќе 27 години. Јанош се вљубил во клубот уште во 1993 година и оттогаш бил на многу гостувања и натпревари во странство.
„Во 1993 година прочитав повик направен од Золтан Арди дека може да се патува на натпревари во странство. Се пријавив и навистина ми се допадна сè, но имаше огромна годишна разлика помеѓу навивачите. Затоа решив да организирам навивачи од постарите возрасни групи. Толку многу влегов во тоа што трае и ден денес, бевме во Загреб, Целје минатата сезона. Најнезаборавно патување беше во Сандефјорд во Норвешка до каде што моравме да поминене 2.200 километри. За среќа се помина во ред, а Норвежаните беа многу љубезни. Покрај ова патување бевме и во Алингсас и Ирун, исто така во Германија, ја обиколивме цела Европа“, рече Јанош за клупскиот сајт.
Јанош Ѓунал освен што е голем навивач, тој исто така беше вработен долго време во продавницата на спонзорот на екипата ПИК.
„Ја отворивме нашата прва продавница во Хоргош во 1993 година, јас бев директор на продавницата. Имавме гостување а со нас зедовме производи од ПИК, а имавме и нивна презентација пред салата пред натправарите“, заврши Јанош.