Новата сезона во Првата лига, која се очекува да биде многу интересна, ќе стартува подоцна од предвидениот термин.
Наместо викендот на 11/12 септември, стартот на возбудувањата во оваа конкуренција ќе биде една недела покасно, на 18/19 септември.
Во новата сезона ќе играат 20 екипи што ќе бидат поделени во две групи, а ждрепката е закажана за вторник, 7 септември.
Нов тим во Првата лига е Алкалоид, додека во споредба со минатата сезона, нема да настапува екипата на Делчево Вардар.