Репрезентацијата на Полска во својот прв натпревар од Европското првенство славеше против незгодната репрезентација на Австрија со 36:31.
Ракометарите на Австрија со два погодоци на Пош, имаа водство од 2:0 на стартот од натпреварот. На Полска и требаше малку време за да дојде до израмнување и во останатиот дел од натпреварот да има целосна контрола на резултатот.
Австрија заостануваше на гол до два негатива до 25. минута. Ракометарот од полскиот состав, Симон Сичко постигна гол за три разлика за неговата репрезентација, 14:11, а минута подоцна, Морито беше прецизен за највисоко водство од 15:11. Полјаците на пауза заминаа со три позитива, 17:14.
Избраниците на Патрик Ромбел во второто полувреме продолжија со добрата игра. Започнаа водството да го зголемуваат на четири до пет гола позитива. И покрај одличните интервенции на австрискиот голман, Голуб Докниќ, неговите колеги не ги искористуваа во целост грешките на противничкиот табор.
Во 47. минута црвен картон заработи ракометарот од Полска, Симон Сичко поради груб прекршок над Никола Билик. Полска последниот дел го одработи рутински и не дозволи селекцијата на Австрија да дојде до помала негатива.
Утре репрезентациите кои играат во Групата Д имаат одмор, а веќе в недела ги очекуваат нови средби на кои Полска за противник ја има селекцијата на Белорусија, додека Австрија ќе ги бара првите бодови против Германија.
ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА