Реномираниот полски портал „Преглед Спортови“ објави неофицијална информација за изгледот на Лигата на шампионите во следната сезона.
Извршниот Комитет на ЕХФ заседаваше во текот на вчерашниот ден и одлучуваше за тоа кои тимови ќе добијат „апгрејд“ или вајлд-карта за елитното натпреварување.
Полскиот медиум пишува дека ЕХФ се одлучила да ги прифати барањата на Нант, ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје и Брест Мешков.
Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Еурофарм Пелистер, Кадетен Шафхаузен, Бешикташ, Висла Плоцк, Мотор Запорожје и ГОГ Гудме ќе играат во Лигата на Европа.
Директно во групната фаза се пласирани Вардар, Кил, Фленсбург, ПСЖ, Загреб, Веспрем, Алборг, Порто, Барселона и Келце.
Европската ракометна федерација утре официјално ќе го соопшти списокот на учесници.