Лидерот на руската репрезентација, Сергеј Марк Косоротов, кој е член на полската Висла Плоцк, е на радарот на македонскиот шампион Вардар.
Според пишувањата на „Спортове Факти“, покрај Вардар, сериозен интерес за Косоротов има и од Веспрем и од Барселона, но сепак од Плоцк се надеваат дека рускиот дијамант нема да замине.
„Ние не сме добиле официјална понуда за Сергеј, но сигурен сум дека тоа наскоро ќе се случи. Драго ми е што го потпишавме на две години, се надевам дека ќе игра и трета сезона кај нас“, изјави за „Спортове Факти“ спортскиот директор на Висла Плоцк, Адам Вишњевски.
Во полскиот шампионат досега, Косоротов има постигнато 80 погодоци, додека во Лигата на Европа на седум меча даде 42 гола. Русинот има договор на уште една сезона со Висла Плоцк, до летото 2023 година.
На левата бековска позиција Вардар ги има Филип Талески, Оливие Њокас и Бакари Диало.