Ракометната федерација на Полска одлучи да го промени форматот во машката лига. Најпрво ќе се игра регуларен дел во натпреварувачката сезона 2023/24.
Регуларниот дел ќе се состои од 26. кола, потоа во плеј-оф фазата ќе се пласираат екипите кои ќе завршат од прво до осмо место.
Клубовите од 9 до 14 место ќе се преселат во плеј-аут фазата, односно ќе се борат за опстанок.
Во плеј-оф фазата ќе се игра по елиминациски натпревари, па така секоја екипа за понатамошен пласман ќе треба да оствари две победи.
Последниот тим ќе ја напушти Супер лигата, а претпоследниот ќе игра бараж за опстанок со второпласираниот тим од вторлигашката конкуренција.
Плеј-оф натпреварувањето во Полска се воведува за првпат по пауза од четири сезони.
Актуелен бранител на титулата во новата сезона е европскиот вицепрвак Келце, кој од сезона 2008/09 доминира во домашниот шампионат.