Македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија големо признание од Европската ракометна федерација.
Тие ќе го судат полуфиналето на Европското првенство за кадетки меѓу селекциите на Германија и Франција.
Натпреварот ќе се игра од 18:00 часот во спортскиот центар „Верде“ во Подгорица, а во втората полуфинална двојка ќе играат Хрватска и Данска.
За Божиновски и Начевски ова е трет голем настан што го судат оваа година по Првенството за земји во развој и младинското Светско првенство во машка конкуренција.
Камер Металари ќе има двојна програма во текот на денешниот ден. Тој ќе биде делегат на дуелите Чешка – Норвешка и Романија – Шведска.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!