Полска со триумф за крај над Црна Гора, Порторико славеше против Казахстан

Репрезентацијата на Црна Гора во својот последен натпревар од групната фаза на Светското првенство во Шпанија доживеа уште еден тежок пораз во низа, а овој пат убедлива победа против црногорската репрезентација оствари Полска со резултат 33:28.

Црногорките пружија отпор во воведниот дел од натпреварот кога имаа минимална предност од 2:1 и 3:2. Од тој момент, па сѐ до крајот, ракометарките на Полска доминираа на теренот и од минута во минута полека ја градеа својата предност. На полувреме резултатот беше 16:9 за репрезентацијата на Полска.

Веќе во вториот дел згаснаа сите надежи во црногорскиот табор за било каков евентуален камбек. Полска рутински до крај одработи онолку колку што беше потребно и заслужено ја оствари втората победа во групната фаза.

Предводник во победничката репрезентација беше Александра Росиак со седум погодоци. Во Црна Гора листата на стрелци беше предводена од Татјана Брновиќ со шест и Ѓурѓина Маловиќ со пет погодоци.

Во борбата за 5. позиција на табелата во групната фаза од втората група, Порторико запиша триумф против Казахстан со 30:27.