Репрезентациите на Полска и Словенија одиграа многу интересен натпревар кој го добија домаќините со гол во последната секунда. После голема борба во текот на сите 60 минути Полјаците славеа со 27:26.
Полска добро го отвори мечот и го имаше почетното водство. После 2:0 и 4:2 Словенците, сепак, успеаја да израмнат на 4:4. До крајот на првиот дел Полјаците успеаја да обезбедат два позитива, 12:10.
Ракометарите на Словенија влегоа во одличен ритам во второто полувреме и серија од четири гола го преземаа водството. Полска имаше одговор и повторно брзо ја врати предноста на своја страна. Се играше гол за гол до крај на дуелот, Новак погоди за 26:26 на пет секунди до крај, но Дашек во брз напад успеа да постигне гол за победа.
Најефикасен во победничкиот тим беше Морито со седум гола, а во екипата на Словенија, Новак со пет погодоци беше прв стрелец. На Полјаците овој триумф им беше од големо значење и во последното коло против Холандија ќе се борат во директен дуел за второто место во групата.