Легендарниот десен бек Марцин Лијевски денеска беше промовиран како нов селектор на Полска.
Лијевски остана без работа по заминувањето од Горњик Забже, каде што беше три сезони, а сега ја презема функцијата од Бартош Јурецки, кој го наследи Патрик Ромбел.
Полјаците по лошиот настап на СП и 15 место се решија за промени, но по отказот за Ромбел, неговиот асистент Јурецки остана да ги доврши квалификациите за ЕП 2024 година.
Лијевски е полска легенда, настапуваше за Хамбург и Фленсбург, а откако ја заврши играчката кариера кратко време беше селектор и на младинците на Полска.
Тој има 251 настап за Полска и 711 погодоци во националниот тим, а освои сребро на СП 2007 и бронза на СП 2009 година.