Претстојната недела во швајцарскиот град Базел ќе се одржи Конгрес на Европската ракометна федерација, каде ќе бидат присутни претставници од сите национални федерации – членки на ЕХФ.
Сепак руската делегација нема да отпатува за Швајцарија, откри претседателот на тамошната федерација за ТАСС, Сергеј Шишкарев.
„Оваа недела ќе се одржи Конгрес на ЕХФ, имавме покана и планиравме да заминат генералниот секретар Лев Воронин и уште еден претставник. Во петокот добивме повик со барање да не одиме таму. Пет земји поставиле ултиматум до ЕХФ: ако Русите дојдат, ние ќе го бојкотираме Конгресот. Со Украинците имаме неутрален однос, тие не се бунеа, но балтичките земји и Полска излегле со ултиматум“, изјави Шишкарев.
Поради актуелната ситуација во регионот на Русија и Украина, ЕХФ и ИХФ им забранија учество во сите клупски и репрезентативни натпреварувања на белоруските и руските клубови и репрезентации.
На Конгресот кој ќе се одржи утре во Базел, ќе има промени статутот на ЕХФ поради промена на даночниот систем во Австрија каде е нејзиното седиште, ќе има промени во судиската организација…