Европската ракометна федерација го објави распоредот за последните четири натпревари од елитните групи во Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар ги чекаат уште четири натпревари, на гости кај Кил и Порто, како и домашните мечеви со Мотор и Монпелје.
По завршувањето на континенталниот собир во Австрија, Шведска и Норвешка, нема да има многу време за одмор, па Вардар на 5 февруари ќе гостува кај „зебрите“. Групната фаза европскиот првак ќе ја заврши на 29 февруари.
Распоред на натпревари:
05/02, 19:00, Кил – Вардар
15/02, 17:30, Вардар – Мотор Запорожје
22/02, 19:30, Порто – Вардар
29/02, 17:30, Вардар – Монпелје