Во салата во Автокоманда се игра решачкиот натпревар од Првата лига меѓу Шампион и Скопје кој носи место во Суперлигата.
Иако според првичниот список, двете екипи пријавиле по 25 луѓе што ќе го следат мечот, сепак на трибината имаше многу повеќе.
Полицијата нареди салата да биде испразнета и натпреварот беше во прекин пет минути. Останаа само по пет гледачи што биле пријавени од страна на двете екипи.
По дваесетина минути игра тимот на Скопје води со три гола, 9-12.