Крајот на финалето во Купот на Македонија заврши со искри на теренот откако еден од ракометарите на двате екипи изреагира нессодветно на провокациите на спротивниот табор.
Мешаницата која настана покрај аут линијата, бргу се расчисти, имаше туркање и кошкање но ништо не навестуваше дека полицијата ќе реши да удри по ракометарите за да ја смири ситуацијата.
Во шокантното видео објавено на фејсбук профилот на Богдан Илиевски може да се види како еден од чуварите на мирот употребува полициска палка за да го удри македонскиот репрезентативец и лев бек на Вардар, Филип Талески.
Во прекумерната полициската интервеција палка заработи и Урбан Лесјак, словенечки репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер.
Вардар го одбрани трофејот во Купот на Македонија со победа од 26-25 над Еурофарм Пелистер. Оваа година одличната организација на турнирот им припадна на охриѓани. Потегот на полицијата и употреба на прекумерна сила врз врвни спортисти колку и да изгледа нереално, ќе има завршница пред дисциплинците во Внатрешна контрола и никако не може да го наруши целокупниот впечаток за турнирот.