По исчезнувањето на четири ракометарки од Селекцијата на Камерун за време на Мундијалот во Шпанија, вчера во шпанската полиција е пријавено уште едно исчезнување, овојпат на иранска репрезентативка.
Според пишувањата на ТВ2, се работи за 30-годишната Шахајех Бапири, една од најискусните во селекцијата на Иран.
„Во текот на вчерашниот ден ја информиравме полицијата, како што сторивме и претходниот пат кога беше случајот со ракометарките од Каммерун. Нема што повеќе да направиме“, велат од организацискиот комитет на Мундијалот.
Деталите околу исчезнувањето на Бапири не се познати, но полицијата мора да го истражи случајот и да се увери дека не се работи за киднапирање или нешто друго.