Во сабота освен македонската „војна“ помеѓу Вардар и Еурофарм, ќе има голема пресметка и во Хрватска каде што се сретнуваат големите ривали Нексе – ППД Загреб.
Хрватското дерби помеѓу најголемите ривали за титулата се игра во сабота од 19:00 часот.
Оваа средба за Еурофарм Пелистер и Нексе доаѓа само три дена пред пресметката на пелистерци и Нексе во осминафиналето од Лигата на Европа.
Од Нексе веќе го започнаа и одбројувањето до најголемото хрватско дерби во кое се надеваат дека ќе излезат како победници. Ќе потсетиме фокусот на македонската ракометна јавност во сабота ќе биде во терминот од 17:00 часот кога ќе се сретнат Вардар и Еурофарм Пелистер во „Јане Сандански“.