Францускиот тим Нант успеа да го задржи еден од најдобрите стрелци во тимот и за наредните две години.
И покрај интересот од шампионот ПСЖ, португалскиот репрезентативец Александре Калваканти потпиша нов договор со Нант.
Тој се обврза на верност до 2024 година, па Нант може да биде мирен кога се работи за левата бековска позиција.
Калваканти иако има 24 години, е еден од носителите на играта во португалската репрезентација.