Шпанската ракометна федерација ја потврди суспензиjaта на тренерот на кадетскиот тим Кастиља Леон и на клубот Делисија, Хоакин Веласко поради поседување на лажна потврда за вакцинација против Ковид-19. Овоj скандал се случил за време на шпанското првенство за регионални тимови кое неодамна се одржа во Мурсија.
Во соопштението се објаснува дека на турнирот кој се одржа од 9. до 14. април според прописите сите играчи и членови на стручниот штаб мораат да поседуваат потврда за целосна вакцинација.
Откако делегатот со протоколот за ковид-19 потврди дека сертификатот кој Веласко го презентирал пред одговорните е на друго лице, Ракометниот сојуз на Шпанија се согласи да го суспендира и да го исклучи од сите спортски активности.
На крајот во соопштението се додава дека одлуката е конечна и другата страна нема никакво право на жалба.