Селекторот на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Хрвоје Хорват го објави списокот на играчи за подготвителниот период пред настапот на Светското првенство во Полска и Шведска.
Избраниците на Хорват во текот на последниот подготвителен период ќе тестираат против селекцијата на Македонија и Израел во рамки од турнирот „Кроација Куп“, кој ќе се одржи во периодот од 5 до 6 јануари.
Хорват за пријателските дуели против Македонија и Израел ќе може да смета на најискусните, а на списокот од 22 играчи се наоѓаат и тројцата поранешни членови на Вардар, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ.
Хрватска пред новата година, на двапати ќе тестира против Италија, така што Хорват ќе има јасна слика, кои ракометари се наоѓаат во најдобра форма за Светското првенство, како и за дуелите од „Кроација Куп“.
Ракометарите на Хрватска на Светското првенство 2023 ќе играат во групата Г заедно со репрезентациите на Египет, Мароко и САД.