Познат составот на Португалија – без најдобриот по изненадување на ЕП

Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Пауло Жорге Переира го објави конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Переира го направи последното кратење на списокот на кој од 21 ракометар останаа уште 18. Тројцата кои отпаднаа се Карлос Мартин, Салвадор Салвадор и Жорге Силва. Според изјавата на селекторот и овие играчи остануваат во комбинација доколку дојде до некој измена на првенството.

Репрезентацијата на Португалија ќе биде значително ослабена на ЕП, откако Жилберто Дуарте заработи повреда на коленото и нема да може да помогне на соиграчите. Сепак Португалците ќе бараат изненадување со доста квалитетен состав во кој најголемиот дел играчи се од домашното првенство.

Спписок на Португалија за ЕП:

Голмани
Алфредо Кинтана (Порто)
Умберто Гомез (АБЦ)
Густаво Капдвил (Бенфика)

Леви крила
Диого Бранкињо (Порто)
Фабио Видраго (Бенфика)

Леви бекови
Фабио Магаљаеш (Порто)
Александре Кавалканти (Нант)
Андре Гомеш (Порто)

Десни бекови
Жоао Фераз (Арау)
Белоне Мореира (Бенфика)

Централни бекови
Руи Силва (Порто)
Мигел Мартинс (Порто)

Пикери
Тиаго Роча (Спортинг)
Дајмаро Салина (Порто)
Алексис Боргес (Порто)
Луис Фраде (Спорртинг)

Десни крила
Педро Портела (Трембле)
Антонио Ареиа (Порто)

Португалија е во група со Норвешка, Франција и Босна и Херцеговина.