Машката репрезентација на Македонија денеска го игра првиот дуел од главната рунда на Мундијалот во Египет.
Противник ќе ни биде селекцијата на Словенија, која во првата фаза забележа две победи – над Јужна Кореја и Белорусија, а загуби од Русија и пренесе само два бода.
Селекторот Данило Брестовац се реши за денешниот натпревар во составот да го вметне и десниот бек Мартин Серафимов, на местото на левото крило Цветан Кузманоски.
Надвор од ростерот остануваат голманот Никола Даниловски, како и бековите Михајло Младеновиќ и Дарко Георгиевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот. На 22 јануари ривал ќе ни биде Русија, а на 24 јануари во истиот термин ќе се сретнеме во Белорусија.