Познат распоредот во СЕХА: Пелистерци стартуваат против Војводина, Вардар на мегдан со Татран!

Раководството на регионалната СЕХА лига, денес го објави распоредот на натпреварите од групната фаза за новата натпреварувачка сезона. Термините на сите натпревари треба дополнително да бидат одредени.

Официјално, новата сезона ќе започне на 25 јануари со натпреварот меѓу српскиот шампион Војводина и хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.

Македонскиот шампион Вардар регионалното натпреварување ќе го започне во Словачка каде на 28 јануари силите ќе ги одмери со Татран Прешов, додека Еурофарм Пелистер два дена подоцна, односно на 30 јануари ќе игра против Војводина на гостински терен.

За потсетување, унгарскиот Веспрем и хрватскиот Загреб добија привилегија по состанокот на Извршниот Комитет на лигата и ќе ја „скокнат“ групната фаза во регионалната конкуренција.

Останатите екипи ќе одиграат по четири меча, дома и гости, против останатите ривали од групата. Без разлика на пласманот, сите осум екипи ќе играат во осминафиналето, дома и гости, а двојките ќе се вкрстуваат по системот, А1 – Б4, А2 – Б3…

Подобро пласираните екипи ќе ја имаат предност од домашниот терен на реваншот, а отсега е познато дека Веспрем ја има А1 позицијата, додека Загреб ја има позицијата Б1.

Четирите победници од четвртфиналните двојки ќе играат на завршниот турнир, кој засега се планира да биде одржан од 21 до 23 април.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 

ГРУПА А

30.01 Војводина – Еурофарм Пелистер

02.02 Нексе – Еурофарм Пелистер

02.03 Еурофарм Пелистер – Војводина

14.03 Еурофарм Пелистер – Нексе 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР

ГРУПА Б

28.01 Татран Прешов – Вардар

01.02 Вардар – Партизан

10.02 Вардар – Татран Прешов 

28.02 Партизан – Вардар