Екипите на Вардар и на Еурофарм Работник ќе имаат можност да ги одмерат силите во СЕХА лигата, а тоа би можело да се случи во четврт-финалето од ова натпреварување доколку битолчани успеат во првата елиминациска рунда да ја елиминираат екипата на Нексе.
Она што е јасно е дека на Ф4 турнирот никако нема да може да има место за двете екипи од Македонија. Според она како изгледаат двојките за осминафиналето и можните дуели за четврт-финалето од СЕХА само еден тим ќе може да заврши на Ф4 турнирот, но ќе мора да се одработи добро за да има македонско дерби.
Како изгледа патот до завршниот турнир во СЕХА можете да видите во продолжение каде што се наоѓаат сите двојки од осминафиналето, но и можните пресметки од четвртфиналето. Дури веќе се знае и тоа дека победникот од пресметката каде што се наоѓаат македонските тимови ќе игра пртоив Спартак Москва, Татран Прешов или ППД Загреб во полуфиналето. Сепак, има доволно време дотогаш/
СЕХА-ЛИГА (ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ)
ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ – МЕШКОВ БРЕСТ
НЕКСЕ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
МЕТАЛОПЛАСТИКА – ВОЈВОДИНА
СПАРТАК МОСКВА – ТАТРАН ПРЕШОВ
СЕХА-ЛИГА (МОЖНИ ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ)
НЕКСЕ/ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ВАРДАР
МЕТАЛОПЛАСТИКА/ВОЈВОДИНА – ВЕСПРЕМ
СПАРТАК МОСКВА/ТАТРАН ПРЕШОВ – ППД ЗАГРЕБ
ПЕКИНГ УНИВЕРЗИТЕТ/МЕШКОВ БРЕСТ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ