Европската ракометна федерација го потврди датумот на одржување на кадетскиот ЕХФ шампионат во машка конкуренција во Македонија ова лето. Тој лани во април беше одложен и презакажан за во јануари годинава, за потоа да биде конечно презакажан за август.
Седум европски селекции ќе гостуваат во Скопје од 9 до 15 август. Иако беа најавени осум поделени во две групи по четири, сепак Естонија го откажа учеството.
Естонија беше во групата А со Македонија, Полска и Грција, па тоа значи дека нашите кадети ќе имаа само два меча во група и потоа уште два за пласман. Во групата Б се Швајцарија, Украина, Грузија и Босна и Херцеговина.
Доколку го освојат првото место на овој ЕХФ шампионат, нашите кадети ќе имаат двојна добивка. Со првото место во Скопје тие ќе обезбедат место на Европските шампионати догодина и во кадетска и во младинска конкуренција, односно Македонија би била дел од најдобрите 16 селекции во двете конкуренции.