Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина наскоро ја очекува баражот за Светското првенство против Грција, а во тој бараж Босна ќе влезе со нов селектор.
Ивица Обрван неодамна го објави списокот на повикани ракометари, но денес изненадувачки одекна веста дека си заминува. Се чека официјална потврда, но многу веројатно е дека репрезентација на Босна ќе ја води Тони Чолина, пренесуваат босанските медиуми.
Обрван на селекторската позиција имаше учинок од една победа и седум порази во осум одиграни натпревари. Единствената победа беше против Австралија во квалификациите за Европското првенство.
Тони Чолина е млад и преспективен тренер. Во овој момент го води тимот на РК Извиѓач, а зад себе има титула во Босна и Херцеговина. Исто така ја водеше и јуниорската репрезентација на Босна.
Првиот натпревар против Грција Босна го игра за пет дена во Грција, додека реваншот е закажан за на 19. март.