Женската кадетска репрезентација на Македонија ова лето ја очекува настапот на Светското првенство што ќе се игра во нашата држава.
На стартот на Мундијалот, Македонија ќе се соочи со Сенегал, во второто коло ќе игра против Узбекистан, додека на крај ќе игра против Иран.
Од 30 јули до 10 август, Скопје и трите сали во „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“ ќе бидат домаќини на 32 селекции од целиот свет.
Нашите кадетки под водство на селекторот Љубомир Савевски, ќе ги почнат подготовките на 10 јули во Маврово, а пред да почне Мундијалот ќе се вратат во Скопје за завршните подготовки.
Светско првенство кадетки, распоред на натпревари:
30/7, Македонија – Сенегал
31/7, Македонија – Узбекистан
2/8, Македонија – Иран