Вториот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кој многу веројатно ќе го реши прашањето на македонскиот шампион го доби својот термин.
Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу пелистерци и вардарци ќе се одигра во сабота со почеток од 19:00 часот.
Салата „Боро Чурлевски“ сигурно ќе биде претесна да ги прими сите љубители на ракометот што ќе сакаат да го погледнат овој натпревар.
На првата пресметка во Скопје, која ја одбележаа инцидентите со публиката, славеше Вардар со 31-24.
На табелата двете екипи се на делба на првото место со 33 бода, со тоа што на Вардар би му било доволно и реми, додека битолчани мора да одат на победа за титула.