Новата генерација на машката кадетска репрезентација на Македонија стартуваше со новите активности, а од денеска е на подготовки за Балканското првенство кое ќе се одржи во Бугарија.
На турнирот ќе има уште две селекции, ќе играат и Бугарија и Романија, но учесник ќе биде и составот на Пирин 64.
Ова е турнир на кој ќе играат ракометари родени 2002 година и помали, а ова е прва активност за овој состав пред кој ќе биде голем предизвик бидејќи следното лето ќе игра на домашна сцена на ЕХФ-шампионатот на кој ќе се бара прво место и пласман на Македонија онаму каде што и е местото односно на Европското првенство.
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПЕТОК, 11 ОКТОМВРИ
15:00ч
ПИРИН 64 – РОМАНИЈА
17:00ч
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА
САБОТА, 12 ОКТОМВРИ
15:00ч
РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
17:00ч
ПИРИН 64 – БУГАРИЈА
НЕДЕЛА, 13 ОКТОМВРИ
09:00ч
МАКЕДОНИЈА – ПИРИН 64
11:00ч
БУГАРИЈА – РОМАНИЈА