Познато кога и каде Македонија и Романија ќе се борат за двобој против Чешка

Репрезентациите на Македонија и Романија во март ќе имаат пресметка во рамки на првиот бараж за пласман на Светското првенство во јануари во Шведска и Полска, а веќе е познато дека натпреварите ќе бидат одиграни во Скопје и во Букурешт.

Македонија е домаќин на првата средба и таа ќе биде одиграна на 17 март во салата „Борис Трајковски“. Почетокот на овој натпревар ќе биде во 19 часот.

Реваншот ќе биде после само два дена. На 19 март, Македонија ќе гостува во Букурешт, а почетокот на тој дуел е во 17 часот.

Победникот од овој двобој како што е познато во април ќе игра против Чешка во вториот бараж, а победникот од тој дуел ќе се пласира на Мундијалот следната година во јануари.