Познато е кој ќе биде селектор на сениорките за квалификациите за ЕП 2024

По разрешувањето на Љубомир Савевски од позицијата селектор на женската сениорска репрезентација, Ракометната федерација на Македонија е во интензивни разговори и преговори околу ангажирање на тренери што ќе бидат одговорни за некоја од генерациите. Со некои веќе се завршени разговорите, а некои се уште размислуваат и гледаат како тоа би се вклопило во нивните лични и клупски амбиции.

Најважната функција, селектор на женскиот сениорски тим би требало да ја добие Александар Петровски, кој на баражите со Украина беше спортски директор и го „покриваше“ селекторот сo мастер коуч лиценцата. Тој има поддршка од РФМ и од ракометарките, како решение што треба да донесе нова свежина во репрезентацијата. Одлично беше прифатен и од ракометарките, а со дел од нив и во минатото соработуваа со Петровски.

Тој би требало да биде дел од еден поширок стручен штаб што ќе биде заедно со сите други селекции, но првенствено ќе биде одговорен за сениорките. Во комбинација за истата функција беше и Марјан Колев, но тој е тренер в машка екипа во Франција, а календарот на натпреварување не е компатибилен со оној на жените. Тој исто така беше во игра и пред две години кога се решаваше дали ќе биде тој или Љубомир Савевски.

Сениорките се спремаат за следните квалиифкации за ЕП 2024 година, и во група сме со Шпанија, Азербејџан и Литванија. Првите две репрезентации и четирите наjдобро третопласирани од осумте групи, ќе се пласирааат на завршниот турнир во декември 2024 година. Во последните квалификации за СП, бевме двапати поразени од Украина, а претходно Савевски како селектор немаше успех ниту на ЕП чиj коорганизатор беше Македонија.

Петровски зад себе има богатovиграчко искуство како дел од Пелистер, Вардар, Металург, ВВ Тиквеш, а бил и тренер во ЖРК Металург, но и помошник на Лино Червар во славните денови на машкиот тим на Металург. Сега е дел од советодавниот шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер кој по 18 години ја врати титулата во Битола.

Покрај Петровски, РФМ треба да назначи и селектори-тренери за секоја генерација посебно. Дел од тие тренери се веќе и познати.

РФМ „ги (с)токми“ новите селектори кај жените

 

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР ПЕТРОВСКИ: Делам љубов за три клуба – Пелистер, Металург и Вардар