Ланскиот хит од Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2, откако во изминатата сезона заврши на 4. позиција во домашниот шампионат, обезбеди место на европска сцена, односно во квалификациите од Лига на Европа.
Избраниците на Александрар Јовиќ за противник во првото квалификациски коло од Лига на Европа го имаат австрискиот вицепрвак Алпла Хард.
Младите „фармацевти“ првиот дуел со Алпла Хард ќе го одиграат на гостински терен на 27 август во „Шпортхале Ам Зи“ или во „Салата покрај езерото“, со почеток од 19:00 часот.
Реванш натпреварот ќе се одигра во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ на 4 септември. Терминот за овој натпревар е 19:00 часот, а победникот од овој дуел ќе продолжи во второто квалификациски коло.
До европскиот настап тимот на Еурофарм Пелистер 2 ќе одигра пријателски натпревари против Еурофарм Пелистер, Охрид и косовскиот суперлигаш Вучитрн.