Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер го чека осминафинален двомеч од регионалната СЕХА лига против хрватскиот Нексе Нашице.
Победникот од овој двобој ќе оди на мегдан на шампионот Вардар во четвртфинална пресметка.
Веќе се одредени и термините за овие натпревари, па така Еурофарм Пелистер гостува во првиот натпревар во Хрватска на 1 февруари, додека реваншот ќе биде на 12 февруари во Битола.
Двобојот меѓу Мешков Брест и Пекинг ќе биде одигран на почетокот на март, а двата меча ќе се играат во Белорусија.
Осминафинале, први натпревари:
01.02.2020, 15:00 часот, Нексе Нашице – Еурофарм Пелистер
02.02.2020, 15:00 часот, Спартак Москва – Татран Прешов
02.02.2020, 19:00 часот, Металопластика – Војводина
02.03.2020, 16:15 часот, Пекинг – Мешков Брест
Oсминафинале, реванш натпревари:
08.02.2020, 18:00 часот, Татран Прешов – Спартак Москва
11.02.2020, 17:15 часот, Војводина – Металопластика
12.02.2020, 20:15 часот, Еурофарм Пелистер – Нексе Нашице
03.03.2020, 16:15 часот, Мешков Брест – Пекинг