Познато е кога Вардар ќе се бори за следна рунда во Европскиот Куп

Ракометарките на Вардар ги дознаа термините за двомечот со холандскиот Јуро Унирек во Европскиот Куп.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Унирек ќе се игра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот на 13 ноември.

Реваншот ќе се игра во холандскиот град со чудно име ГГ ‘T Велд на 20 ноември со почеток во 19:00 часот.

Вардар е единствен женски претставник од Македонија во Европа, откако претходно беа елиминирани Чаир, Металург и Деспина.