Ракометната федерација на Германија како еден од организаторите на Светското првенство во 2025 година во женска конкуренција, ги претстави трите градови кои ќе бидат домаќините на Мундијалот.
Освен Германија, домаќин на Мундијалот во 2025 година ќе биде и Холандија. Во Германија, натпреварите ќе се играат во Трир, Штутгарт и Дортмунд.
Според информациите од ракометната федерација на Германија, во арената „Трир“ и во арената „Порше“ во Штутгарт, ќе се играат по две групи од првата фаза од Мундијалот, додека во арената „Вестфаленхал “ во Дортмунд, планирано е да се одиграат натпреварите од главната фаза.
Германија се покажа како одличен домаќин кога ги организираше Светските првенства кај дамите во 1965, 1997 и 2017 година. По три години, односно во 2025, заедно со Холандија ќе го организираат големиот настан, во кој ќе учествуваат 32 репрезентации. Завршните натпревари ќе се играат во Холандија, која во 1971 и 1986 година беше домаќин на Светското првенство во женска конкуренција.