Следната година во Македонија ќе се игра Светското младинско првенство во женска конкуренција од 19 до 30 јуни.
Покрај нашата репрезентација на Мундијалот, ќе играат уште 31 селекција, а веќе завршија два континентални турнири од кои се обезбедува пласман на СП.
Од Азиското првенство на СП во Македонија ќе учествуаат првите пет селекции – Јужна Кореја, Кина, Кинески Тајпеј, Јапонија и Иран.
Од Европското првенство во Романија, на СП во Македонија место обезбедија репрезентациите од 1 до 13 место плус Македонија.
Од ЕП на СП пласман обезбедија Германија, Унгарија, Шведска, Данска, Црна Гора, Романија, Франција, Исланд, Холандија, Швајцарија, Португалија, Чешка и Норвешка.
Европа има уште едно место, а последните две селекции на континенталниот собир плус победниците на двата ЕХФ шампионати (четири селекции), ќе се борат за него на квалификациски турнир во ноември годинава.
Останатите 12 слободни места ќе бидат распределени меѓу Африка, Северна Америка и Кариби, како и Јужна Америка.