Денеска во просториите на ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа извлечени паровите за четвртфиналните натпревари за пионерската машка лига.
Екипите на Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Бисинов, Алкалоид, Струга, Рисови, Тиквеш и Еурофарм Пелистер изборија место во четвртфиналето, а натпреварите за пласман на Ф4 ќе се играат на 28 и 29 мај.
Ф4 турнирот кај пионерите ќе се одржи на почетокот на месец јуни, односно 4 и 5 јуни. Актуелен бранител кај пионерите е тимот на Струга, кој во ланското финале го совлада тогашниот КЛ7 со 23:18.
Пионери, четвртфинални двојки:
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – БИСИНОВ
ПРИЛЕП – РИСОВИ
АЛКАЛОИД – СТРУГА
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
Првото полуфинале на Ф4 турнирот ќе го сочинуваат победниците од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 – Бисинов и Тиквеш – Еурофарм Пелистер, додека во второто полуфинале на завршниот турнир ќе играат победниците од дуелот меѓу Прилеп – Рисови и Алкалоид – Струга. Победничките екипи од двете полуфинални средби ќе играат финале.