Познати хрватските лауреати за 2022: Циндриќ најдобар ракометар, Обрван најдобар тренер

На полувремето од последниот натпревар од „Кроација Купот“ во Пореч меѓу Хрватска и Израел, беа објавени лауреатите на традиционалниот избор на Хрватскиот Сојуз и Спортске Новости.

Тоа е 29 избор по ред, а во гласањето учествуваат ракометните стручњаци и спортски новинари кои го следат ракометот.

За најдобар ракометар во 2022 година е прогласен Лука Циндриќ од Барселона, кој го освои четвртото вакво признание, второ по ред.

За најдобра ракометарка во 2022 е прогласена Ана Дебелиќ од Вајперс Кристијансанд, која исто така го добива ова признание втора година по ред.

За најдобар тренер е прогласен Ивица Обрван, кој го водеше Загреб, а своевремено беше селектор на Македонија, додека најдобра судиска двојка се Губица и Милошевиќ.

Специјално признание доби машка репрезентација во ракомет на плажа, која стана светски шампион.